Замина од Арсенал и „распука“ по Венгер

Постојат фудбалери кои воопшто не беа задоволни со својот статус во Арсенал и едвај чекаа да најдат друг ангажман.

Еден од од таквите беше Војќек Шчесни, кој сезонава е член на Јувентус, а претходно мина двегодишна суспензија од Арсенал во Рома.

„Искрено, од техничка гледна точка, не можам да кажам дека напредував од моментот кога застанав на голот на Арсенал, па се до денот кога го напуштив. Сепак, од моментот кога стигнав во Италија, доста напредував благодарение на тренерите. Овде тие работат многу повеќе на тактиката отколку во Англија“, изјави Шчесни.

Овој голманот беше во конфликт со Венгер кога запали цигара во соблекувална и го загуби местото на првотимец.