Замина на одмор во Дизниленд, па доби повик да игра на ЕП 2024

Фудбалската репрезентација на Холандија се соочи со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство (ЕП), откако остана без Френки Де Јонг и Теун Копмајнерс, па поради тоа го повикаа Џошуа Зиркзе од Болоња.

Еден од најдобрите фудбалери на Болоња претходно го искористи одморот за да го посети Дизниленд, меѓутоа доби повик од репрезентацијата и сега треба да им се приклучи на сонародниците.

Зиркзе минатата сезона настапи на 34 натпревари во Серија А, при што постигна 11 голови и пет асистенции за Болоња.