Загина синот на Балак во сообраќајна несреќа во Португалија

Легендарниот германски фудбалер Михаел Балак ги живее најтешките денови во својот живот затоа што го загубил неговиот син Емилио во сообраќајна несреќа во Португалија.

„Мирор“ објави дека синот на Балак загинал во сообраќајка за која повеќе детали не се откриваат, освен тоа дека несреќата се случила во познато одморалиште.

На местото на несреќата веднаш пристигнале пожарникари и итна помош, но не успеале да го спасат синот на поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Челси.

Балак ја заврши кариерата во 2012 година во Леверкузен, а со Челси ја освои Премиерлигата и двапати ФА-купот, додека со Баерн трипати Бундеслигата и трипати германскиот Куп.