Загина порашен бразилски репрезентативец на само 24 години

Бразилскиот фудбалер Талес Лима де Консеисао Пења загина во сообраќајна несреќа во гратчето  Сао Гонзало. 

Некогашниот младионски репрезентативец на Бразил загинал возејќи мотор во својот роден град. Тој имаше само 24 години и во кариерата играше за неколку клубови, но најдолго се задржа во Васко де Гама. На 151 натпревар постигна 36 голови.

Играше и за јапонскиот Албрекс Ниигата и Понте Прети. За младата селекција на „кариоките“ забележа 12 настапи и постигна пет погодоци.