Заедно имаат 26 европски круни и 86 титули, а првпат во иста година се погоди да се – шампиони!

Трите европски великани и меѓу најтрофејните клубови на светот, Реал Мадрид (Шпанија) , Баерн Минхен (Германија) и Милан (Италија) испишаа еден неверојатен податок кој е за рубрика – верувале или не.

Реал Мадрид е најтрофеен шапнски клуб, кој ја освои 35-та домашна титула, има 13 европски круни. Баерн Минхен е најтрофеен германски клуб, кој дојде до десеттата бундес-круна по ред од вкупно 32 титули, а има шест европски пехари. Милан по 11 години го запиша 19-то „скудето“, има седум европски пехари.

И верувале или не, никогаш во историјата не се случило во иста година три од четирите најтрофејни клубови во ЛШ да се домашни шампиони во исто време. Тоа првпат се случува годинава.

А, заедно имаат 86 шампионски титули во домашните првенства, 26 европски круни...