За Португалецот нема лек: Роналдо ја торпедираше Парма за нов триумф на Јувентус (ВИДЕО)

Португалецот Кристијано Роналдо уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, и покрај тоа што за две недели ќе наполни 35 години.

Тој на вечерашниот натпревар против Парма, постигна два гола (43 и 58 минута), и му донесе нова победа на Јувентус (2-1), со која го зацврсти на првото место во Серија А со 51 бод, четири повеќе во однос на Интер.

Јувентус одлично го искористи попладневниот кикс на Интер, кој на гостувањето кај Лече одигра само 1-1, и со одлична игра вечерашниот меч против Парма дојде до 16. победа во домашното првенство.