Вулвс не знае што прави: Пред неколку недели на тренерот му дадоа нов договор - а сега отказ!
Вулверхемптон му врачи отказ на Витор Переира кој покрај тоа што има ужасни резултати во Премиер лигата, испадна и од Лига Купот.
Интересно, пред само неколку недели Витор Переира стави потпис на нов тригодишен договор со Вулвс иако во тој момент имаше четири порази во првите четири кола во Премиер лигата.
Нејасен беше тогаш потегот на раководството на клубот да му даде нов договор на Переира, па поранешниот тренер на Порто сега ќе си замине со солидно обештетување.
Отказот следува по вчерашниот пораз од Фулам со 0-3 на Кревин Кориџ.
Вулвс има само два бода по 10 кола и се наоѓа на последното место на табелата.