Вулвс го налути Манчестер сити, па со полна мрежа си замина од „Итихад“ (ВИДЕО)

Манчестер сити дефинитивно ќе биде нов шампион во Премиерлигата, освен ако не се случи некое чудо до крајот на сезоната. Тоа го покажаа „граѓаните“ уште еднаш на теренот, и тоа против Вулвс кои ги совладаа со високи 4-1.

„Граѓаните“ до водство стигнаа по автоголот на Дендонкер во 15. минута од дуелот, по што Вулвс израмни во 61. минута на 1-1, но тоа само ги налути избраниците на Пеп Гвардиола.

Вулвс се закани уште неколку пати кон голот на Едерсон, по што пристигна казната во последните 15 минути од натпреварот. Најпрво Жесус стрелаше за 2-1, по што Марез погоди за 3-1, а конечните 4-1 ги постави бразилскиот напаѓач.

Сити по 27 одиграни меча се наоѓа убедливо на првото место со 65 бодови, односно 15 повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед.