Врвен потег: Ангажираа фудбалер бесплатно, па го продадоа за 32 милиони евра!

Белгиски Гент направи феноменален потег со Џонатан Дејвид, кој го ангажираше пред две години од Канада бесплатно, а сега го продаде за 32 милиони евра.

Дејвид има само 20 години и се пресели во редовите на француски Лил, со кој ќе потпише петгодишен договор.

Овој фудбалер за две сезони во Белгија успеа да постигне 37 голови и 15 асистенции.