Врие во Италија: Ибрахимовиќ ги прекршил протоколите за ковид-19!

Милано е во црвена зона и рестораните се затворени, но „Фудбал Италија“ пишува дека шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ги прекршил протоколите и бил на една локација со својот пријател Игнацио Абате.

Еден сопственик на ресторан открил за медиумите дека Абате и Ибрахимовиќ биле во неговиот локал каде што останале неколку часа, а потоа си заминале дома и тоа ги налути Италијанците.

„Милан Њуз“ објави дека Ибрахимовиќ бил само на деловен состанок, кој траел околу еден час и дека не треба да се обвинува Швеѓанецот дека ги прекршил мерките за ковид-19.