Војна на повидок: Манчестер сити одби барање од УЕФА!

Манчестер сити, кој е во рацете на богатите шеици од Обединетите Арапски Емирати, во претходните години потрошија многу пари за купување на фудбалери.

Тие успеаа да освојат неколку трофеи во Англија, но нивниот најголем сон е титула во Лигата на шампиони, но проблем на тој пат може да им направи Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

УЕФА бара од „граѓаните“ да објаснат еден приход од 60 милиони фунти, кој наводно е од спонзори.

Германски „Шпигл“ објави доверливи документи, меѓу кои имаше и мејл, со кој се потврдува дека целата сума ја уплатиле сопствениците на клубот.

„Граѓаните“ одбија да соработуваат со луѓето од Нион, зашто не ја признаваат вредноста на доказите поради што тие биле доставени од хакери.

Сопственикот Мансур Бин Зајед и претходно кажа дека нема намера да се правда пред УЕФА, па ако треба ќе ги ангажира најдобрите светски адвокати и целата приказна ќе заглави на суд.

Од Нион порачаа дека постои можност да го исфрлат клубот од Лигата на шампиони поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј, но такво сценарио е малку веројатно.