Во Украина откажан фудбалски натпревар поради неколку позитивни тестови

Украинската фудбалска лига продолжи со натпреварите овој викенд, но веќе го имаме и првиот откажан дуел. Се работи за натпреварот помеѓу Карпати и Мариопул, кој утре нема да се одигра откако неколку членови на домашниот тим биле позитивни на коронавирус.

Од Карпати не прецизираат дали се работи за фудбалери, членови на стручниот штаб или членови на клубот. Позитивните лица немале никакви симптоми и веднаш се сместени во изолација.

Ова требаше да биде натпревар од плејаутот, а утре на програмата во Премиерлигата е големото дерби помеѓу Динамо Киев и Шахтер Доњецк.