Во ПСЖ се повредуваат како на филмска лента, па настрадал бизарно и - тренерот Тухел

Францускиот првак Пари Сен Жермен во последно време нема среќа со повредите. Откако сезоната во Ла Лига се прекина, на парижаните им остана за ЛШ да се подготвуваат со пријателски мечеви и преку двата купови што нормално ги освоија, ама скапо ја платија цената.

Прво им се повреди првата ѕвезда Килијан Мбапе после многу опасен старт на фудбалер на Сент Етјен во Купот на Франција, повреди заработија и Мауро Икарди, Анхел Ди Марија, а последен во низа е Марко Верати.

И сега за сите нив, лекарскиот тим прави напори за да ги оспособи од среда за фанјлејт-турнирот во Лисабон во трката за европската круна. Ама, како малерите да не го пуштаат парискиот клуб, па повреда заработу дури и тренерот Томас Тухел. На тренинг, Германецот бизарно се повредил и го истегнал зглобот на левата нога, ама му пукнала и метатарзалната коска на стапалото.

За фудбалер ова ќе значеше најмалку три месеци пауза, но за Тухел повредата не е толку страшна.