Во Ница заврши победничката серија на Лион (ВИДЕО)

Лион беше во низа од три победи по ред во Лига 1, но вечерва добрата форма заврши на гостувањето кај Ница во рамки на 24.коло.

Стрелец на единственио и победнички гол за домашниот тим беше Реми Волтер од пенал во 69-тата минута. Лион останува на третата позиција на табелата со 43 бодови, додека Ница е седма со 37 бодови.