Во најскапиот меч на светот со влог Премиерлига главната војна ќе ја водат легендите на Челси

Астон Вила и Дерби каунти ќе се соочат во спектакуларното финале на „Вембли“ во битката за последното премиерлигашко место во идната сезона, а овој меч веќе со години е најскапиот дуел кој носи огромен влог – место во премиерлигашката елита и многу милиони фунти во касата.

И пресметката за Премиерлигата на 27 мај ќе биде пресметка на две легенди на Челси, долгогодишни соиграчи и икони на „сините“ - Џон Тери против Франк Лампард. Заедно овие двајца минаа 15 години на „Стемфорд бриџ“, освојуваа титули во Англија, беа двајцата капитени, кога ќе го немаше Тери беше Лампард и обратно. Но, фудбалот после пензија им ги рздвои патиштата, и после една година во Чемпионшип повторни ги спои. Само сега на раздвоени страни, како противници.

Лампард е прв тренер на Дерби, кој синоќа на „Иланд роуд“ го елиминира Лидс, а Тери е помошник на Деан Смит во Астон Вила, која на пенали го победи Вест Бромвич Албион во двете полуфиналиња.

Пресметката на Тери и Лампард како тренери ќе ја најави спектакуларната недела во која два дена подоцна Челси и Арсенал ќе се судрат во финалето во Лига Европа, а три дена по тој меч Ливерпул и Тотнем ќе се борат за европскиот престол.