Во Барселона паднаа од смеење кога ја слушнаа казната за „случајот Гризман“!

Барселона доби неверојатна казна поради трансферот на Антоан Гризман ова лето од Атлетико Мадрид. 

Шпанскиот шампион ја плати откупната клаузула на Французинот од 120 милиони евра, која стапи на сила на 1 јули годинава. Атлетико Мадрид се жалеше на трансферот, бидејќи во моментите кога Барселона се договорила со фудбалерот, март 2019 година, неговата откупна клаузула била 200 милиони евра.

Судијата Хуанчо Ландабера, кој беше одреден од Шпанската фудбалска федерација, пресуди во корист на Атлетико Мадрид во овој случај. Тој и одреди казна на Барселона од „неверојатни“ 300 евра поради прекршување на правилата. Судијата признава дека казната е блага, па предлага Барселона да одигра еден натпревар пред празни трибини на „Камп Ноу“. Одлуката ја објаснува со тоа што се повикува на правилата и членовите 88 и 126 од дисциплинскиот правилник на шпанската федерација.