Витсел донесе триумф за Дортмунд на гостувањето кај Лајпциг (ВИДЕО)

Дербито во 18. коло од германската Бундеслига беше одиграно во Лајпциг, каде што Борусија Дортмунд славеше со 1-0.

„Милионерите“ покажаа дека сезонава ја сакаат титулата, без разлика на големата конкуренција од Баерн Минхен, па доколку продолжат вака, тогаш би можеле и да ја освојат.

Решавачкиот гол на мечот го постигна Аксел Витсел во 19. минута за конечни 1-0 и триумф на Дортмунд, па сега тие се наоѓаат на шест бода предност пред Баварците.