Вистински херој: Го победи ракот, па се врати во дресот на Јунајтед (ФОТО)

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Макс Тејлор денеска се врати во тренинг-центарот на англискиот гигант, откако успешно ја заврши терапијата против рак.

На младото момче му бил дијагностициран рак, по што морал да помине дури 11 месеци во болница, но тоа не го обесхрабрило и Тејлор повторно му се врати на фудбалот, а „ѓаволите“ го пречекаа со раширени раце.

„Без бесценетата поддршка на моето семејство, соиграчите, како и докторите, моето враќање на тренинг немаше да биде возможно“, порача Тејлор.