Вирус ги покоси „пандевци“ на подготовките во Бугарија

Академија Пандев се соочува со проблеми на подготовките во Бугарија пред настапот во Лигата на Европа. 

„Пандевци“ денеска требаше да играат пријателски натпревар против Славија Софија, но истиот е под знак прашалник, бидејќи седум фудбалери на тимот добија стомачен вирус.

Марко Алчевски, Кристијан Стојкоски, Томче Илиев, Давид Атанаскоски, Михаил Маневски, Глигор Дончев и Ѓорги Танушев се надвор од тренежниот процес. Медицинскиот персонал прави напори за што побрзо враќање во нормалниот тренажен процес, велат од таборот на освојувачот на Купот.