Вилјареал немаше сила за изненадување: Атлетико Мадрид со пресврт освои три бода (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид победи со 3-1 против Вилјареал во 25. коло од шпанската Ла Лига, па така се врати во борбата за место во топ-4.

Вилјареал поведе преку Алкасер во 16. минута, по што Кореа израмни на 1-1 во 40. минута од дуелот. Во второто полувреме Атлетико успеа да направи и целосен пресврт откако Коке и Жоао Феликс ја затресоа мрежата на гостите.

Атлетико е третопласиран со 43 бодови, колку што има и Севилја, а пред нив се Реал Мадрид со 53 и Барселона со 55 на врвот.