Вилијан му донесе триумф на Челси (ВИДЕО)

По разочарувачките 0-0 на „Стемфорд Бриџ“ против Саутемптон во минатото коло, вечерва Челси им се врати на победите пред домашните навивачи во Премиерлигата. 

„Сините“ славеа со 2-1 против Њукасл во рамки на 22.коло. Резултатот го отвори Педро со гол во 9-тата минута по асистенција на Давид Луиз. На пет минути до истекот на првото полувреме, Њукасл дојде до израмнување преку Киаран Кларк. Победата на лондонскиот тим му ја обезбеди Вилијан во 57-та минута од натпреварот.