Вест Хем продолжува да сонува за ЛШ: Нов пораз на Лидс и Алиоски (ВИДЕО)

Вест Хем со 2-0 го совлада Лидс јунајтед во рамки на 27.коло во Премиерлигата. 

„Чеканите“ го решија натпреварот за седум минути поточно од 21-та до 28-та минута. Најпрво Џеси Лингард доби шанса од пенал, но откако не реализираше од 11 метри, топката се одби повторно до него и од втора беше прецизен. Точка на натпреварот стави дефанзивецот Крег Доусон.

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски не беше во првиот тим на менаџерот Марсело Биелса, но доби шанса на стартот на второто полувреме. 

Вест Хем се наоѓа на петтата позиција на табелата со 48 бодови, додека Лидс за кого ова беше четври пораз на последните пет средби е 11-ти со 35 бодови.