Вест хем го совлада Арсенал во лондонското дерби (ВИДЕО)

Првиот натпревар од 22. коло во англиската Премиерлига го донесе лондонското дерби, кое го доби Вест хем со 1-0 против Арсенал.

На отворањето на средбата Марк Нобл имаше одлична шанса, но не ја искористи, а потоа неколку пати се закани и Арсенал, но и тоа беше неуспешно, па двете екипи заминаа на полувреме со 0-0.

Во второто полувреме Вест хем стигна до водство преку Деклан Рајс во 48. минута, а предноста од 1-0 остана до самиот крај, иако Арсенал постигна два гола, но двата беа поништени поради офсајд.