Вест хем го одигра најдобриот натпревар со Санто и конечно победи! (ВИДЕО)
Не тргнаа добро домаќините во натпреварот, Њукасл дојде до водство по само четири минут игра, но во продолжение следуваше комплетна офанзива на домаќините. Видовме и поништен пенал со ВАР некоја минута подоцна.
Израмнување за избранците на Нуно Еспирито Санто донесе Лукас Пакета со гол со удар надвор од шеснаесетникот откако Поуп на голот не интервенираше баш најдобро. Успеа Вест хем и да го сврти резултатот пред крајот на полувреме кога Ботман си постигна автогол во петтата минута од судиското продолжение.
Во второто полувреме следуваше многу помирна игра, видовме по некоја прилика на двете страни, а единствениот гол за потврда на победата на домаќините го постигна Соучек во осмата минута од продолжението. За Вест хем ова беше прва победа со Санто на клупата и само втора од почетокот на сезоната по серија од шест натпревари без триумф.