Вест Хем го елиминира Сити, Ливерпул и со втор тим меѓу најдобрите во Лига Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вест Хем го направија најголемото изненадување во осминафиналната фаза од Лига Купот во Англија, откако по голема борба и по изведување пенали, го елиминираа Манчестер Сити.

Регуларниот дел од средбата заврши без ниту еден гол, по што не се играа продолженија туку веднаш се шутираше од белата точка. Домашните беа беспрекорни, односно ги погодија сите пет удари од оваа позиција, а трагичар кај „граѓаните“ беше Фоден кој го промаши првиот пенал.

Ливерпул, пак, иако настапи со втор тим на гостувањето кај престон (2-0) релативно лесно се пласира меѓу осумте најдобри во Лига Купот. Минамино во 62. и Ориџи во 84. минута беа стрелци за гостите од „Енфилд“.

Понатаму се пласираа и Тотнем, кој како гостин го совлада Барнли (1-0), Брентфорд, кој славеше кај Стоук (2-1) како и Лестер, кој дома беше подобар од Брајтон (2-2) по изведувае пенали.