Вердер испука „петарда“ против Борусија Менхенгладбах (ВИДЕО)

Вердер ја прегази Борусија Менхенгладбах со убедливи 5-1 во рамки на 8.коло во Бундеслигата. 

Домашниот тим ги реши сите дилеми уште по првото полувреме кога имаше убедливо водство од 4-0. Никлас Фулкгруг постигна два гола за „зелените“, еднаш во листата на стрелци се запиша Марвин Дукш, а Рами Бенсебаини си постигна автогол. 

Маркус Тирам успеа само да намали за гостите во 63.минута, а Мичел Вајзер погоди за 5-1 за домашните.