Вердер го налути Баерн, па прими шест погодоци (ВИДЕО)

Екипата на Баерн Минхен забележа убедлива победа на домашен терен (6-1) против тимот на Вердер Бремен, во рамки на 15. коло во Бундес лигата.

Иако гостите поведоа со голот на Рашица, сепак Баварците уште во првото полувреме го светеа резултатот, со погодоците на Кутињо и Левандовски. Во вториот дел машинеријата на Баерн само ја потврди победата, а од 72. до 78. минута постигнаа три гола за сигурен сигурен триумф на домашен терен.

На натпреварите кои стартуваа во 15:30 часот, убедлива победа запиша и Борусија Дортмунд на гости кај Маинц (0-4), Келн го доби Баер Леверкузен (2-0), Херта беше подобра од Фрајбург (1-0), додека Падеборн и Унион Берлин ремизираа (1-1).