Вердер Бремен со пресврт ја запре победничката серија на Франкфурт (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт имаше пет победи по ред во германската Бундеслига и се приклучи во борбата за титулата, но денеска доживеа неочекуван пораз од Вердер Бремен со 1-2.

Андре Силва им донесе водство на гостите од Франкфурт во деветтата минута, но Вердер Бремен во вториот дел тргна фуриозно и тоа се покажа како вистински потег бидејќи за само 15 минути направија пресврт (2-1).

Франкфурт по денешниот пораз има 42 бодови на четвртата позиција, додека Вердер е на 12. место со 26 бодови.