Венгер: Само еден човек може да ме наследи на клупата на Арсенал

Веќе на големо се шпекулира кој ќе биде новиот менаџер на Арсенал, по заминувањето на Арсен Венгер по заврувањето на оваа сезона.

Масимилијано Алегри и Луис Енрике се меѓу најсериозните кандидати, а голем дел од управниот одбор на „топчиите“ смета дека Карло Анчелоти е вистинскиот човек за работата.

Некои медиуми веќе пишуваат дека самиот Арсен Венгер има свој фаворит, а тоа е неговиот поранешен играч Патрик Вијера.

„Извори блиски до Венгер им кажале на новинарите од 'БеинСпортс', дека Французинот силно го препорачал Вијера за негов наследник, но бордот на директори е поделен, бидејќи многумина веруваат во Карло Анчелоти“, пишуваат англиските медиуми.

Вијера нема премногу искуство како тренер и моментално го води тимот на Њујорк сити ФЦ во МЛС-лигата, беше дел и од младинската академија на Манчестер сити.