Венгер одбил да стане тренер на Барселона!

Познатиот француски тренер Арсен Венгер, наводно, одбил да го преземе кормилото на Барселона. Француските медиуми објавија дека искусниот стратег имал контакти со раководството на каталонскиот гигант, но не се договорииле.

Венгер во 2018 година го напушти Арсенал, а притоа призна дека добил голем број понуди, но не сакал да прифати ниту една затоа што му било подобро да работи на проекти за УЕФА.

Дури ниту Барселона не успеала да го ангажира. Тие му понудиле да го преземе клубот по Кике Сетиен, но тој само им се заблагодарил на понудата.