Венгер го одбил Реал: Жртвував освојување трофеи поради љубовната приказна со Арсенал!

Легендарниот француски тренер, Арсен Венгер откри дека додека го предводел Арсенал одбил неколку понуди од Реал Мадрид.

Во интервју за „БеИН Спорт“, Венгер призна дека жртвувал освојување на трофеи со Реал Мадрид поради тоа што бил приврзан кон Арсенал.

„Жалам што го жртвував потенцијалот за освојување трофеи. Додека бев во Арсенал чувствував дека сум во клуб кој ги исполнува моите потреби. Знаев дека со Реал Мадрид ќе освојувам трофеи, но ќе имав помало влијание во тимот, па затоа решив да ја продолжам мојата љубовна приказна со Арсенал“, открива Венгер.

Венгер во моментов е без работа, откако го напушти Арсенал, па во претходните денови се поврзуваше со враќање на фудбалот, но засега нема ништо конкретно.