Велкоски: Да останам до крај на кариерата во Сараево? Рано е да зборувам за тоа...

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски неодамна потпиша нов договор до 2021 година со босанскиот клуб Сараево, а денеска ги интересираше босанските медиуми какви се неговите планови за во иднина.

По денешниот тренинг на Сараево, капитенот Велкоски кажа дека се радува на продолжението на првенството, па порача дека ќе го даде својот максимум во вториот дел од сезоната.

„Сите знаеме какви се нашите цели. Ќе се трудиме да постигнеме добри резултати, а во мај ќе видиме до каде сме стигнале. Да останам до крајот на кариерата во Сараево? Па, рано е да зборуваме за тоа. Прво се надевам дека ќе ме служи здравјето, а потоа ќе видиме“, кажа Велкоски.