Велепресврт: Откако му се заканија со пиштол, судијата го призна голот на ПАОК по натпреварот!

Судијата кој поради заканите од огнено оружје од страна на претседателот на ПАОК и спортскиот директор на тој клуб поради поништен гол, го прекина дерби натпреварот со АЕК, но сепак во извештајот наведува дека голот сепак е признат.

Главниот судија во финишот на натпреварот му поништи гол на ПАОК, а претседателот на клубот влета со пиштол на терен за да се пресметка со него, бидејќи така ПАОК не успеа да го совлада АЕК, а овој настан е топ тема ширум светската фудбалска јавност.

Иван Савидис, сопственикот и претседателот на солунскиот клуб, здиве откако Јоргос Коминис поради офсајд му поништи гол на неговиот тим и влета на теренот.

Овој скандал е премногу дури и за Грција, каде владеат насилството на терените и трибините речиси секојдневно. Овој пат тензиите беа дополнително зголемени бидејќи доколку на ПАОК му беше признат голот, солунскиот клуб на пет гола до крајот ќе беше со еден бод пред АЕК на табелата. ПАОК чека на титулата уште од 1985 година...

По натпреварот, судијата Коминис со големо полициско обезбедување го напушти стадионот, а во меѓувреме на делегатот му го издиктирал следново:

1. Насилен упад на Савидис на терен, во друштво со неговото лично обезбедување.
2. Насилен напад на Савидис врз Василис Димитриадис од АЕК
3. Лубом Михал вербално ме нападна, со зборовите: Готов си.

По сето тоа, одлучил сам да појде во соблекувалната бидејќи ситуацијата не дозволува натпреварот да продолжи.

4. Во соблекувалната, потпретседателот на АЕК Минас Лисандру, ми кажа дека неговите играчи се преплашени откако го виделе пиштолот на Савидис кој и јас го видов.

Клучниот е она што Коминис го напишал за резултатот од прекинатиот натпревар:

„По консултацијата со помошниците, го признав голот, но упадот на Савидис на терен го прекина натпреварот“,