Веќе 200.000 луѓе се потпишаа на петицијата Левандовски да ја добие „златната топка“ за 2020!

Откако Лионел Меси вечерва ја освои својата рекордна седма „златна топка“ во кариерата, па објави дека „Франс Фудбал“ згрешил што лани не ја доделил најпрестижната награда, а Роберт Левандовски требало да ја добие, ескпресно се појави петиција за да се додели „украдената“ награда кон Полјакот која собра веќе 200.000 потписи.

Левандовски лани освои сѐ што можеше, решеташе како никој, го урна и рекордот во Бундеслигата, ги освои сите можни пехари, ја доби и наградата на ФИФА, „Бест“, ама поради пандемијата со коронавирус, „Франс Фудбал“ ја откажа „златната топка“. И сега, петицијата експресно се потпишува од илјадници луѓе за одлуката на францускиот магазин да не ја додели наградата за 2020 година да се смени и Полјакот да биде крунисан.

„Роберт, ти ја заслужи 'златната топка' за 2020, сите знаеме дека беше најдобар и 'Франс Фудбал' згреши што не ти ја додели“, рече вечерва Меси.

Аргентинецот го победи голгетерот на Баерн Минхен за 33 гласа во изборот за оваа 2021 година.

Петицијата за доделување на „златната топка“ за 2020 година на Левандовски може да ја најдете ТУКА.