Вејн Руни пресреќен за кам-бекот во англиската репрезентација

Вејн Руни денеска повторно и се приклучи на англиската фудбалска репрезентација во пресрет на неговиот проштален натпревар против САД во четврток.

Голгетерот пред повеќе од една година се прости од репрезентацијата, но повторно доби повик од селекторот Герет Саутгејт се со цел да има официјален натпревар за простувањео од националниот дрес.

Руни денеска го одработи првиот тренинг со своите сонародници и делуваше пресреќно што повторно на себе ги носи ознаките на „Гордиот албион“. Дуелот во четврток со САД за Руни ќе биде вкупно 120-ти во дресот на репрезентацијата.

Тој е рекордер по бројот на постигнати голови во националниот тим со 53, а против САД ќе има можност да го зголеми рекордот.