Вејн Руни ја оживеа историјата: Го стресе Арсенал со голчиште исто како пред 15 години!

Евертон води против Арсенал со 1-0 во 9. коло од Премиерлигата, а стрелец на голот е Вејн Руни. Голот беше прекрасен, од далечина и ретко кој не се сети на 2002 година, кога 17-годишниот Вејн Руни постигна голчиште од 30-тина метри за победа на Евертон од 2-1 против Арсенал. Коментаторот тогаш рече „запаметете го ова име“ и беше во право.