Вчера наполни 18 години, денеска потпишува за Реал Мадрид

Младиот бразилски фудбалер Рејнер Жесус вчера стана полнолетен и го прослави 18-тиот роденден. Веројатно ќе го добие најдобриот роденденски подарок на сите времиња, бидејќи шпанските медиуми велат дека денеска ќе потпише со Реал Мадрид. 

Фудбалерот на Фламенго пред неколку дена на кратко го посети Мадрид за да ги договори сите детали околу договорот иако неговите агенти официјално велат дека тој бил во приватна посета на Шпанија. 

„Кралевите“ ќе му платат 30 милиони евра на Фламенго за услугите на овој офанзивен фудбалер за врска. Се очекува Рејнер штом потпише за Реал веднаш да му се стави на располагање на Раул Гонзалес во вториот тим, Реал Кастилја. Бразилецот до крајот на сезоната ќе игра во овој тим, кој се натпреварува во Третата шпанска лига, но само за да се навикне на новата средина.