ВБА не се откажува од опстанок - го уништи и Саутемптон (ВИДЕО)

ВБА во минатото коло направи сензација со триумфот против Челси, а денеска го совлада и Саутемптон со 3-0 во 31. коло од англиската Премиерлига.

Домаќините уште во првото полувреме најавија дека ги посакуваат трите бодови од мечот, па преку Переира и Филипс стрелаа за 2-0, додека Робинсон во вториот дел зголеми и на 3-0. Гостите во завршницата имаа можност да намалат на 1-3, но Ворд-Праус промаши пенал.

Саутемптон остана на 14. позиција со 36 бодови, додека ВБА има 24, односно осум помалку од безбедната зона на табелата.