Варди за Канте: Кога дојде во Лестер, сакаше секој ден да трча до тренинг-центарот, бидејќи немаше автомобил

Голгетерот на Лестер сити, Џејми Варди имаше интервју за францускиот весник „Лекип“ и нормално една од темите на разговор беше Енголо Канте. 

Англичанецот имаше само прекрасни зборови за францускиот репрезентативец и уште еднаш потврди дека се работи за една скромна личност, која сите ја сакаат.

„Какво неверојано задоволство беше да се игра покрај Канте“, вели Варди. Тој е прекрасно момче, а воедно е и фантастичен фудбалер. Ако некогаш ја загубевме топката тогаш тој, 'бум' ќе се појави од некаде и ќе ја освои назад. На тренинг, беше толку лесно за него, бидејќи бев убеден дека намерно ја губи топката, за потоа само да ужива да ја врати назад. Кога потпиша за Лестер немаше автомобил и сериозно размислуваше да трча секој ден до тренинг-центарот, бидејќи секој ден остануваше по тренинзите за да трча уште неколку километри. Во тој момент сите останавме занемени и го убедивме да не го прави тоа. Секој пат кога доаѓаше на тренинг со својот Мини Купер, бевме сигурни дека не дошол со трчање. Минатиот месец, кога игравме со Челси на 'Стемфорд Бриџ“, тој дојде во нашата соблекувална да се поздрави. Првото нешто што го прашав е, 'дали уште го возиш Мини Куперот другар?' Ми кажа дека тој модел го вратил назад во Франција, но дека купил нов Мини Купер во меѓувреме“, објаснува голгетерот на Лестер.