ВАР повторно дискутабилен во Премиер лигата: Бараа офсајд - па примија гол! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Њуксал ја забележаа петтата победа сезонава во Премиер лигата откако во рамки на 15. коло славеа на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 0-2.

Стрелци на погодоците вредни три бода беа Сент Максиман во 15. и Џорџо Шелви во 70. минута од натпреварот. Интересен момент беше виден при овој гол, бидејќи сите фудбалери на домашниот тим застанаа очекувајќи офсајд, но ВАР технологијата ги „измами“.

И покрај тоа што далеку подобар тим на зелениот терен беше Шефилд, сепак домаќинот не усепа да реализира ниту една од создадените шанси.

Со овој резултат и двата тима сега имаат по 19 бода и се на средина од табелата во Премиер лига.