ВАР и Премиерлигата не одат заедно: Како ова не е пенал за Јунајтед? (ФОТО+ВИДЕО)

Судиите во Премиерлигата или не знаат правилно да го користат ВАР или едноставно не сакаат, бидејќи денеска имаа уште една контроверзна одлука. 

На дербито на „Стемфорд бриџ“ помеѓу Челси и Манчестер јунајтед, домашниот фудбалер Калум Хадсон-Одои очигледно играше со рака во својот шеснаесетник. Главниот судија Стујарт Атвел доби сигнализација од ВАР-собата дека има ситуација. По прегледувањето на снимката тој одлучи дека нема игра со рака, односно раката на Хадсон-Одои била во природна позиција.

Проценете сами дали ова е пенал или не...