Ванда Нара шокантно откри: Интер сакаше да го продаде Икарди во најлутиот ривал!

Сопругата на контроверзниот аргентински напаѓач Мауро Икарди, Ванда Нара, која е менаџер на голгетерот на Интер шокантно откри дека „нераѕурите“ планирале да го продадат својот најдобар фудбалер.

Иако медиумите на Апенините објавија дека Интер подготвува нов договор за Икарди и дека во моментов постои една пречка во висината на годишната плата на Аргентинецот, наводно Икарди бара осум милиони евра, а Интер нуди шест милиони, Ванда објави дека досега нема предлог за продолжување на соработката, па уште посочи и дека „нераѕурите“ сакале да го продадат Мауро во најлутиот ривал Јувентус.

„Продолжувањето на договорот била завршена работа? Не постои никаков предлог и понуда“, рече Ванда, додавајќи: „Јас треба да седнам и да разговарам, но досега нема ништо такво. Па, Интер сакаше да го продаде во Јувентус. Но, Мауро беше цврст во ставот и рече дека не сака да оди таму и дека сака да остане во Интер“.

Икарди летово се поврзуваше со трансфер од 110 милиони евра, колку што е откупната клаузула во Реал Мадрид, но сето тоа на крај испадна само медиумска шпекулација.

„Никој не се јавил. Икарди ќе потпише, нешто што и јас го сакам, но не треба да се брза со непостоечки приказни, дека Интер наводно бил нервозен од мене“, додава Ванда.

Таа посочува дека постоел предлог за размена на релација Интер – јУвентус.

„Имаше опција Мауро да оди во Јувентус, а во замена да дојде Гонзало Игуаин. Во Јувентус сметаа дека тој и Роналдо ќе бидат идеален тандем и дека ќе биде 'деветка“', посочува Ванда..