Ван Дијк успешно опериран

Еден од најдобрите светски дефанзивци, Вирџил Ван Дијк, фудбалерот на англискиот првак Ливерпул денеска успешно беше опериран после тешката повреда на коленото која ја заработи пред на дербито со Евертон во Премиерлигата.

На Ван Дијк му беше извршена операција на предните вкрстени лигаменти, а хируршкиот зафат му беше направен во Лондон и како што објави Ливерпул, сето тоа минало без компликации.

Ван Дијк сега ја почнува рехабилитациската програма под надзор на лекарскиот тим на клубот, а Ливерпул не објави колку ќе трае целата таа рехабилитација, но сооглед на степенот на повредата, шест до осум месеци е вообичаениот период за фудбалерот да може да се врати на теренот.

Холанѓанецот настрада при еден дуел со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.