Ван Дајк и Жота почнаа со тренинзи со Ливерпул

Ливерпул сезонава ќе мора да абдицира од тронот во Премиерлигата, а менаџерот Јирген Клоп има сериозни проблеми со повредите. 

Во исто време се повредија тројца стопери, Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип, па дефанзивната линија ја покриваа играчи од средниот ред како Фабињо и Џордан Хендерсон. Токму капитенот е последниот кој се повреди и веројатно за него сезоната е завршена, но Клоп конечно може да се радува, бидејќи Ван Дајк и Диого Жота почнаа со тимски тренинзи.

Двајцата имаа повреди на коленото, особено тешка беше на Холанѓанецот, но стоперот би можел наскоро да се врати во првиот тим на „црвените“. Истото важи и за Жота, кој фантастично ја почна сезоната, но повредата ја забави неговата форма.