Валверде во „аут“: Нов тренер стигнал на преговори во Барселона (ФОТО)

Ернесто Валверде се соочува со големи критики во последниот период, откако доживеа дебакл во Лигата на шампиони против Ливерпул, па често се споменува дека наскоро ќе биде отпуштен.

Веќе се споменуваат и неколку тренерски имиња, кои би можеле да го заменат, а едно од нив е и селекторот на Холандија, Роналд Куман.

Дека нешто се подготвува е доказ и фотографијата на социјалните мрежи како Куман е во близина на хотел, чиј сопственик е потпретсеателот на Барселона.

Куман во моментов е селектор на Холандија, а претходно предводеше многу клубови.