Валверде по третпат во кариерата ќе го тренира Атлетик Билбао

Шпанскиот тренер Ернесто Валверде по третпат ќе седне на кормилото на Атлетик Билбао, а наскоро треба да биде промовирач во шпанскиот клуб.

Поранешниот шпански фудбалер ја почна тренерската кариера во тимот од Билбао, каде што најпрво работеше како помошник, а потоа и како прв тренер.

Валверде имаше ангажмани во Еспањол, Олимпијакос, Вилјареал и Валенсија, а во 2013 година се врати во Атлетик Билбао.

Потоа следеше повик од Барселона, кој не можеше да се одбие, но таму не се прослави, па сега пак се враќа во Билбао.