Валверде ја откри вистината: Преговорите со Гризман се во – полн ек!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека преговорите со ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман се во тек.

Постојано се шпекулира дека постои група фудбалери на Барселона, кои се спротиставиле на таквиот трансфер, но очигледно управата нема нив да ги послуша.

„Вистина е дека преговорите за трансферот се почнати и се во тек. Сепак, сезоната за нас уште не е готова, имам финале во шпанскиот Куп и мора да останеме фокусирани на тоа. Кога ќе помине финалето, ќе разговараме за останатите фудбалери“, вели Валверде.

Барселона во финалето на шпанскиот Куп ќе игра на 26 мај против Валенсија.