Валверде: Го контактиравме Гризман

Францускиот напаѓач Антоан Гризман, пред неколку дена соопшти дека ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот од сезоната. Според медиумите во Шпанија, негов следен клуб ќе биде Барселона, а тренерот на Каталонците потврди дека се оставарени контакти помеѓу двете страни.

„Точно е дека го контактиравме Гризман. Сепак, сезоната уште трае, имаме да го доиграме финалето од купот. Мораме да останеме фокусирани до крајот. Во моментов не сакам да зборувам за играчите на другите клубови“, изјави Валверде.