Валјадолид освои бод во Андалузија, Севилја се спаси од пораз (ВИДЕО)

Севилја одигра добар натпревар против Валјадолид, но немаше среќа и на крајот мораше да се задоволи со бод (1-1).

Двата гола на натпреварот беа постигнати го финишот, кога најпрво Валјадолид во 80. минута погоди за водство, а шест минути подоцна Рекик стрелаше за 1-1.

Ова се први бодови за двете екипи, кои во првото коло беа поразени. Севилја загуби од Осасуна, додека Валјадолид беше поразен од Вилјареал.