„Валенсија не е мафијашки клуб, но е близу до тоа!“

Шпанскиот фудбалски гигант пред неколку дена го отпушти успешниот тренер Марселино, поради несогласувањата со контроверзниот сопственик Питер Лим околу политиката на трансфери.

Милијардерот во Сингапур веќе ја донесе замена, а станува збор за Алберт Селадес, тренер без искуство во Ла Лига. Селадес е поврзан со суперагентот Хорхе Мендес, со кој по  заминувањето на Марселино доби поголемо надворешно влијание врз трансферите, на барање на Лим.

Никој не го одобрува ваквиот начин, а најдобар доказа за тоа е изјавата на легендарниот Аргентинец Марио Кемпес, кој играше за „лилјаците“ од 1982 до 1984 година.

Валенсија не е мафија, но многу е близу до тоа. Тие чекаа да се затвори крајниот рок бидејќи играчите не можеа да избегаат. После тоа, тие го отпуштија тренерот. Не знам дали го сториле тоа свесно, но испадна совршено затоа што сега играчите треба да останат и да играат за клубот, без разлика дали им се допаѓа тоа или не, изјави Кемпес за радиото „Онда Церо“.

Јавна поддршка за тренерот изрази и капитенот Дани Парехо, кој застана во одбрана на поранешниот тренер.